Помошниот тренер во екипата на Борусија (Дортмунд), Един Терзиќ, се надева дека враќањето на Ерлинг Холанд на утрешниот меч со Волфсбург ќе донесе радосни моменти во екипата.
Холанѓанецот по речиси еден месец ја санираше повредата и сега е подготвен да му помогне на тимот во битката зависок пласман.
„Се обидовме полека да го вратиме Ерлинг. Навистина сме среќни што ќе може повторно да игра. Тој е исклучително значаен за нас” -додаде времениот заменик на Лусиен Фавр.

