Манчестер Сити е близу до исклучително важен потег, потпишување на нов договор со еден од своите најдобри играчи, Кевин Де Бруин. Белгиецот ќе добие нов долгорочен договор.
Белгискиот играч за врска директно преговара со „граѓаните“ и нема инволвирани агенти, што често го отежнува процесот заради дополнителните барања. Највите велат дека идниот договор е близу до потпишување, а 29-годишниот Де Бруин е сериозно заинтересиран да остане во Англија.
