Јувентус деновиве ќе достави нова, последна понуда за нов договор со Пауло Дибала, пренесува Тутоспорт: Оваа последна понуданема да се подобрува и ќе биде последен предлог од раководството до Аргентинецот.
Актуелниот договор на Дибала е вреден 7 милиони евра и истекува во 2022 година, а тој веќе ја одби понудата вредна 10 милиони евра по сезона која ја доби ова лето.
Новата понуда на Јуве ќе вклучува подобрување на бонусите од два милиони евра, што ќе го направи втор најплатен играч во тимот, заедно со Матијас де Лигт.

