Претседателот на италијанската Серија А, Паоло Дал Пино и предложил на локалната самоуправа секој граѓанин кој е вакциниран со новата вакцина за Ковид-19 да може да ги следи натпреварите во Италија на стадионите.
Масовната вакцинација против вирусот веќе започна во Италија, а според Дал Пино, ова ќе влијае на спортот во земјата.
„Мислам дека треба да дозволиме вакцинирани граѓани да доаѓаат на стадионите“, рече тој во интервју за Раи Радио 1.

