Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос на лето ќе се пресели во Пари Сен Жермен, објавија шпанските медиуми. Според информациите, дефанзивецот на „кралевите“ ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезоната, кога истекува неговиот договор.
Некои медиуми одат дури и подалеку и пишуваат дека Шпанецот веќе ги договорил личните услови со францускиот шампион. Рамос веќе може да преговара со други клубови, бидејќи до крајот на неговиот сегашен договор остануваат помалку од шест месеци, а Реал Мадрид не сака да му понуди нов договор, кој ќе има подобри параметри од неговиот сегашен договор.

