Тренерот на Барселона, Роналд Куман ја истакна важноста на победата над Хуеска (1:0), со што тимот се искачи на петтото место на табелата во Ла Лига. Каталонците не загубија на последните 6 првенствени натпревари – 4 победи и 2 нерешени средби, но заостануваат 10 бода од лидерот Атлетико Мадрид.
„Најважен беше резултатот. Сакавме да победиме убедливо. Игравме добро, создадовме многу ситуации и моравме да решиме сè многу порано. На крајот, Хуеска ризикуваше и моравме да се браниме. Ова не е нашата најдобра игра, па затоа сакавме да ја имаме топката. Постојат тимови кои се бранат подобро од нас “, призна Куман.
„Осман Дембеле е многу важен за нас, ни недостасуваат играчи на крило. Тој може да игра на двете крила и да се справува со ситуации еден на еден. Со такви играчи е полесно затоа што Меси може да напаѓа од длабочина. Ако Дембеле игра како денес, тој ги има сите шанси да биде во стартниот состав “, додаде тренерот на Барселона.

