Менаџерот на Арсенал, Микел Артета го прокоментира претстојното враќање на Томас Парти во редовите на неговата екипа. Репрезентативецот на Гана пристигна минатото лето од Атлетико Мадрид, но се повреди и пропушти многу натпревари.
„Веќе е јануари, и ми се чини дека Томас одигра два и пол натпревари за нас. И тој беше нашиот главен трансфер. Ни недостасува затоа што тој е неверојатно талентиран фудбалер. Со него, тимот ќе се промени во насоката што ја сакаме” рече Артета.

„Ќе биде одлично кога Парти ќе се врати. Мислам дека тој навистина ќе има позитивно влијание врз нашите перформанси. Му требаат 2-3 тренинзи за да потврди дека е 100% подготвен. Ако сè е во ред, тоа ќе бидат одлични вести“, додаде Артета. Томас Парти учествуваше на 5 натпревари во Премиерлигата без погодок и асистенција.

