Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед , Единсон Кавани, кој заработи суспензија од 3 средби и парична казна од 100 илјади фунти поради растистички коментар на социјалните мрежи, доби поддршка од асоцијацијата на Професионалните Фудбалери во Уругвај.
Корпулентниот напаѓач го напиша терминот – „негрито“, кога одговори на порака на – „Инстаграм“ по што ФА му ја определи казната за расизам и го суспендираше.
– Бараме ФА веднаш да ја поништи казната против Единсон Кавани и да го исчисти неговото име во светот, со оглед на тоа што истото беше неправедно извалкано со казната, – гласи објавата на уругвајските фудбалери предводени од Диего Годин.

