Фудбалерите на Ливерпул вчера загубија на теренот на Саутемптон со минимални 1:0 со што ја продолжија лошата серија во Премиер-лигата.
Избраниците на тренерот Јирген Клоп по двата нерешени меча со ВБА (1:1) и Њукасл (0:0) вчера останаа со празни раце на гостувањето кај Саутемптон кој се покажа како вистински кошмар за фаворитите.
Медиумите анализираат дека главен виновник за лошата серија на „црвените“ е анемичноста во нападот бидејќи на три меча постигнаа само еден гол.
