Англискиот фудбалски состав Арсенал на првиот ден од преодниот рок потврди дека младиот Вилијам Салиба ќе замине на позајмица во екипата на Ница до крајот на сезоната.
-Вилијам Салиба замина во тимот од француската Лига 1. Трансферот е со цел фудбалерот да поминува повеќе време на теренот – стои во соопштението на „топчиите“.
19-годишниот фудбалер кој дејствува во одбраната е младински репрезентативец на Франција.

