Медиумите во Англија објавија дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, планира да се ослободи од најмалку шест фудбалери во текот на зимскиот трансфер период.
Според наведеното на излезната врата од „Олд Трафорд“ се: Брендон Вилијамс, Даниел Џејмс, Џеси Лингард, Маркус Рохо, Серхио Ромеро и Фил Џонс.
Норвешкиот тренер сака да собере одредена сума на пари и да купи пред се дефанзивни фудбалери. „Црвените ѓаволи“ по серијата на одлични резултати се наоѓаат на делба на првото место во Премиер-лигата.

