Серхио Рамос по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Клубот и фудбалерот не можат да се договорат околу условите.
Mедиумите пренесуваат дека пред два дена, Рамос, имал состанок со претседателот, Флорентино Перез, на кој го информирал дека има понуда од ПСЖ. Покрај Серхио Рамос и Лукас Васкез не ги прифатил условите кои му ги нуди клубот за да потпише нов договор.
Единствениот кој има намера да ја прифати понудата е Лука Модриќ бидејќи сака кариерата да ја заврши во Реал Мадрид.

