Фудбалскиот состав на Рома ќе биде драстично ослабен за денешното гостување кај Кротоне во новото коло во Серија „А“.
Тренерот Фонсека е болен и нема да седи на клупата додека на списокот на отсутни се ставени и фудбалерите: Сантон, Спинацола, Педро, Миранте, Фацио, Заниоло и Калафиори.
„Волчицата“ остана и без првиот напаѓач Един Џеко, кој се повреди на мечот со Сампдорија и по препорака на лекарскиот тим остана во Рим.

