Тренерот на Барселона, Роналд Куман, направил список со фудбалери кои во јануарскиот трансфер период треба да го напуштат стадионот – „Камп Ноу“.
Холанѓанецот појасни дека сегашната финансиска состојба во фудбалот не им дозволува на тимовите да трошат големи суми за купување на атрактивни имиња.
„Секој тренер сака да го засили тимот. Јас лично направив список на играчи со кои можеме да се разделиме, како и на тие што можеме да ги привлечеме. Сепак, тоа зависи од клубот“ – рече Куман пред денешното гостување кај Атлетик Билбао.
