Преговорите за нов договор помеѓу Ливерпул и Жоржињо Вајналдум во моментов се во прекин. 30-годишниот играч за врска во моментов не сака да ги прифати понудените услови од клубот.
Фудбалерот, кој е трансфер цел на Барселона, сака да остане на „Енфилд“, но сака неговата плата да биде поблиску до оние на најплатените sвезди на Ливерпул. Сепак, се очекува двете страни да постигнат договор бидејќи и Клоп и Вајналдум сакаат да продолжат да работат заедно. Холанѓанецот беше стартер на сите 17 натпревари во Премиерлигата оваа сезона.
Актуелниот договор на Вајналдум истекува на лето, а Барселона се надева дека тој нема да потпише повторно за да може да го ангажира како слободен агент по завршувањето на сезоната.

