Астон Вила би можела да настапи со младинскиот тим до 23 години против Ливерпул во денешниот натпревар од третото коло на ФА купот поради проблемите со коронавирусот во првиот тим.
Оваа информација ја објави и „Дејли телеграф“. Тимот од Бирмингем ја затвори својата база за тренинг по голем број позитивни тестови, без да ги именува заразените. Овој комбиниран состав на Астон Вила против Ливерпул се очекува да го предводи тренерот на младите, Марк Дилејни. Интересно е тоа што, слична ситуација се случи и минатата сезона. Сепак, Ливерпул излезе со својата младинска екипа против Астон Вила поради обврските на првиот тим на Светското клупско првенство.
Тогаш екипата на Астон Вила не покажа милост и го совлада противникот со 5:0, дали сега е на потег Ливерпул да им се реваншира, останува да видиме.

