Главниот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе може да го предводи тимот на средбата со Осасуна во 18 коло во Примера Дивизион.
Според весникот – „АС“, францускиот специјалист добил одобрение од лигата откако ги поминал два теста за корона-вирус и тие биле со негативен резултат. Ќе потсетиме дека Зидан отиде во самоизолација поради контакт со заразен од КОВИД-19 и мораше да пропушти неколку тренинзи на тимот.
Натпреварот Осасуна – Реал Мадрид ќе се одигра утре, 9 јануари, од 22.00 часот на стадионот „Ел Садар“ во Памплона.
