Напаѓачот на ЦСКА, Адолф Гаич, може да ја продолжи кариерата во Бешикташ, пренесува „ТВ100“ повикувајќи се на информации од арегнтинските медиуми.
Турскиот клуб ја разгледува опцијата за изнајмување на напаѓачот. Претходно беше објавено дека фудбалерот на ЦСКА, Адолфо Гаич е на чекор да се пресели во Бока јуниорс, но, тој веднаш одби да замине во аргентинскиот клуб.
Според информациите од Русија, обештетувањето за Гаич е 30 милиони евра.

