Напаѓачот на фудбалскиот клуб Вест Хем, Себастијан Але, кариерата ќе ја продолжи во Холандија во екипата на Ајакс.
Клубот дури ја откри и трансферната сума која изнесува 22,5 милиони евра – најголема во историјата на гигантот од Амстердам издвоена за засилување. Договорот на играчот е до летото во 2025 година. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска им се приклучи на „чеканите“ во летото во 2019 година за сума од 50 милиони евра.
Неговиот престој во Лондон беше краток. Тој одигра 53 натпревари со ефект од 14 погодоци и 3 асистенции.

