Реал Мадрид успеа да стигне до Памплона, но фудбалерите на Зинедин Зидан имаа многу непријатен момент откако чекаа цели четири часа на пистата на аеродромот Барахас додека полетаа за средбата со Осасуна.
Реал Мадрид не го послуша предупредувањето на Ла Лига и одби да полета за Памплона еден ден порано, а снежната бура што ја зафати шпанската престолнина предизвика огромен хаос на авионските линии.
На крајот, тимот на Реал Мадрид пристигна во Памплона нешто пред полноќ. Засега се уште не е јасно дали средбата на стадионот „Ел Садр“ ќе се одржи поради лошите временски услови, но домаќините направија сериозен ангажман за чистење на теренот.

