Јувентус е близу до комплетирање на трансферот на напаѓачот на Нант, Абдулаје Дабо. Договорот може да биде заокружен во понеделник, кога двете страни ќе ги имаат последните преговори.
Договорот меѓу двата тима предвидува закуп со можност за комплетен откуп на крајот на сезоната. Барем во почетната фаза, младиот фудбалер ќе биде ставен на располагање на младинскиот тим на „Старата дама“, каде ќе се докажува. 19-годишниот Французин оваа сезона има пет натпревари за Нант.

