Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по вчерашното реми без голови на стадионот на Осасуна, изјави, дека средбата требало да се одложи поради лошиот терен. Домаќинот со крајни напори успеа да обезбеди какви такви услови и покрај обилните снежни наноси.
„Направивме што можевме иако играњето на таков терен е компликувано. Тие бараа да се игра, Не знам кога ќе можеме да се вратиме во Мадрид поради времето, дали утре или задутре иако имаме нов меч в среда“ – вели Французинот.
„Средбата мораше да се одложи. Дефинитно тоа не личеше на фудбалски меч“ – потенцираше изнервирано тренерот на „кралевите“.
