Пол Погба на крајот на сезоната дефинитивно ќе си замине од „Олд Трафорд“, објавија дел од медиумите во Англија.
Според наведеното, францускиот фудбалски интернационалец и член на Манчестер Јунајтед се наоѓа на списокот на желби на новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино. Аргентинецот побарал од „светците“ да ангажира неколку нови фудбалери а на листата било заведено и мето на Погба.
Иако имаше одредени шпекулации дека црномурестиот играч може да се врати во Јувентус, сепак пореална е опцијата тој да са врати во татковината и тоа на „Паркот на принцовите“.
