Лондонски Вест Хем Јунајтед има намера да доведе замена за францускиот напаѓач Себастијан Алер кој замина во Ајакс, објави Телеграф.
„Чеканите“ размислуваат да изнајмат 31-годишен австриски напаѓач Марко Арнаутовиќ од кинески Шангај СИПГ, кој веќе играше за Вест Хем од 2017 до 2019 година. За возврат, управата на клубот од Кина е подготвена да го ослободи играчот само доколку заинтересираната страна преземе врз себе исплата на целата плата на играчот.
Покрај Арнаутовиќ, во потесниот избор за напаѓачи се и Буле Диа од Рен и Адам Амстронг од Блекбурн Роверс.
