Дефанзивецот на Арсенал, Сократес Папастатопулос е пред трансфер во екипата на Бетис, пренесува денеска – „Скај Спорт“.
Пред неколку дена, грчкиот фудбалер доби понуда од Џенова, но, веднаш ја одби со надеж дека ќе пристигне подобра. Папастопулос со тековнава сезона нема одиграно ниту еден меч во дресот на „топчиите“ како во Премиер лигата така и во Лигата на Европа.
Неговиот договор истекува во јуни. Тој се надева дека деновиве ќе замине во Шпанија како позајмен играч и дека Бетис на крајот анс езоната ќе му понуди перманентна соработка.

