Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард, по лесната победа во ФА купот процени дека на тимот му требаат голгетери -„убијци“.
„Треба да бидеме супериорни во нападот како што се другите екипи. Младите мора да покажат квалитет“ – вели Лампард.
„Тие мора да бидат убијци, се надевам дека луѓето ќе разберат што сакам да кажам“ – потенцираше тренерот на „сините“.

