Фудбалскиот состав Селтик останa без 14 играчи за денешниот меч против Хибернијан откако дефанзивецот, Кристофер Џулиен, имаше позитивен тест за корона-вирусот веднаш по враќањето од тренинг кампот во Дубаи.
Точно 13 играчи на шкотскиот шампион имале близок контакт Џулиен и затоа сите ќе останат во карантин започнувајќи од денеска.
Менаџерот на шампионите, Нил Ленон и неговиот асистент Кенеди исто така ќе бидат во изолација и нема да бидат на мечот на – „Селтик Парк“.

