Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ливерпул со сериозни загуби поради пандемијата на коронавирусот
    Фудбал

    Ливерпул со сериозни загуби поради пандемијата на коронавирусот

    risteBy riste12/01/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Англискиот шампион Ливерпул се очекува да објави сериозни финансиски загуби за изминатата 2020 година, тврди весникот „Мирор“.

    Се проценува дека Ливерпул загубил 46,55 милиони евра поради пандемијата на коронавирусот и неговите последици. „Црвените“ ќе го објават својот финансиски извештај во наредните месеци, но сметководствената и консултантска агенција КПМГ веќе пресмета дека клубот претрпел сериозно финансиска штета во последните 12 месеци.

    Компанијата ги разгледа финансиите на шампионите на најдобрите шест лиги во Европа, а пресметките покажа дека оперативниот профит на Ливерпул падна за 47,6 милиони евра – пад од 8 проценти во однос на претходниот период, вкупно 507 милиони евра. Со оглед на тоа дека Ливерпул сè уште не ги објавил своите финансиски извештаи, КПМГ ги направи своите пресметки според податоците што им ги дадоа сопствениците на Ливерпул.

    Откриле дека „црвените“ оствариле оперативен приход од 82,5 милиони евра од продажба на билети, 231,9 милиони евра од телевизиски права и 242,6 милиони евра од рекламирање и други предмети. Оперативните приходи се пресметуваат врз основа на приходите во клубот, минус дневните трошоци и пред оданочување.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.