Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис побарал да се одложи натпреварот за Суперкупот на Италија против Јувентус, пренесува „Фудбал Италија“.
Според изворот, првиот човек на Наполи се пожалил на густиот распоред и недостатокот на гледачи. Претседателот на Наполи понудил да го одиграат натпреварот пред крајот на оваа сезона. Од друга страна истиот извор тврди дека неговото барање е одбиено, а натпреварот Наполи – Јувентус ќе се одигра на 20 јануари на стадионот „Мапеи“ (стадионот на Сасуоло) како што беше планирано со почеток во 21:00 часот.
Оваа сезона, во италијанската Серија А, Наполи има освоено 31 поен по 16 кола и се наоѓа на шестото место на табелата, додкеа Јувентус со 33 бода е на четвртото место. Токму овие две екипи треба да одиграат уште еден натпревар меѓусебе, оној одложениот во Торино.

