Во уште едно извонредно издание, македонската одбојкарска репрезентација ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина со 3:0 и ја обезбеди втората победа во квалификациите за ЕП 2021.
Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ избраниците на селекторот Матијашевиќ не и оставија простор на Босна да се понадева науспех. Единствено во вториот дел на вториот сет оадна концентрацијата, но добро е што на крајот се освестивме и регистриравме освојување на сетот, кој практично значеше и победа, откако Босанците во третиот сет комплетно се предадоа.
Сега пред нашата селекција е одлучувачкиот меч за 1. место против Турција во сабота.

