Напаѓачот на фудбалскиот состав Интер, Ромелу Лукаку, се надева дека ќе постигне голем успех како на клупско ниво така и на репрезентативно со неговата Белгија.
Репрезентацијата има сериозно искуство. На СП 2018 сите не пофалија затоа што игравме убаво, но, загубивме во полуфиналето од Франција. Понекогаш не игравме спектакуларно, но, продолжувавме да победуваме” – рече Лукаку.
Напаѓачот кој дебитираше во Андерлехт со само 16 години, досега ги бранеше боите на Челзи, Вест Бромвич, Евертон и Манчестер Јунајтед.

