Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, открива дека Жозе Мурињо додека седеше на клупата на „Олд Трафорд“ го научил како да реагира за да добива повеќе пенали.
„Кога Мурињо ни беше тренер имаше пет-шест ситуации во кои не добив пенал а според мене требаше. Жозе тогаш ми рече: „Доколку не си свесен за ситуацијата и начинот на кој го правиш тоа, тогаш нема да добиеш пенал. Потоа почнавме да добиваме пенали“ – вели Рашфорд.
Во тековниот шампионат токму пеналите се омилена тема на неколку тренери во Премиер-лигата кои јавно посочуваат дека Манчестер Јунајтед е во милост кај судиите и дека добива многу можности да погоди од белата точка.

