Проблемите со повредите во Милан не запираат. „Скај Спорт Италија“ објави информација дека плејмејкерот Хакан Чалханоглу и Тео Хернандез го пропуштиле денешниот тренинг на тимот.
Така, двајца многу важни играчи во тимот на Стефано Пиоли се под знак прашање за настап на гостувањето кај Каљари во понеделник.
Така, ситуацијата во таборот на „росонерите“ е дополнително комплицирана, бидејќи Матео Габија, Исмаил Бенасер и Алексис Салемакерс исто така се повредени и ќе го пропуштат мечот, на кој поради казна ќе го нема и Рафаел Леао.

