Напаѓачот на фудбалскиот состав Ливерпул, Мохамед Салах, верува дека неговиот состав може да победи на денешното дерби со Манчестер Јунајтед кое ќе биде одиграно на „Енфилд“ со почеток во 17.30 часот.
„Ситуацијата со корона-вирусот многу влијае на екипите. Сите имаат можност да се борат за титулата бидејќи ги нема навивачите на трибините и нема притисок врз фудбалерите“ – вели Салах.
„Мислам дека е рано да се зборува кој ќе ја освои титулата во Премиер-лигата. Сакам Ливерпул да ја одбрани одбрани шампионската круна“ – потенцираше фудбалерот на „црвените“.

