Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе му одобрат на тренерот Пеп Гвардиола буџет од дури 250 милиони евра за да може да го засили тимот во текот на летниот трансфер период.
Според објавеното од страна на – „Телеграф“, шпанскиот стартег сака да ги ангажира Ромелу Лукаку од Интер, Ерлинг Халанд кој настапува за Борусија Дортмунд и 21-годишниот Дарвин Нуњез кој е еден од најзабележителните во дресот на Бенфика.
Познато е дека Кун Агуеро нема да добие продолжување на договорот и дека уште најмалку 3-4 фудбалери во текот летото ќе си заминат од „Етихад“.
