Француски Олимпик Марсеј напредуваше во преговорите со Наполи за трансфер на напаѓачот Аркадиуш Милик, пишува „Франс Фудбал“. Според информацијата, полскиот голгетер е многу блиску до преселба на „Велодром“, откако двата тима треба да стават параф на договорот за позајмица.
Сумата на целокупниот трансфер треба да биде 8 милиони евра, плус 3,5 милиони во форма на бонуси. Првите 6 месеци Милик ќе биде на позајмица, а потоа Французите треба д аго откупат неговиот договор.

