Месут Озил конечно го официјализираше својот трансфер во Фенербахче. Синоќа фудбалерот со специјален лет отпатува за Истанбул, каде денеска треба и официјално да биде преставен во новиот клуб.
32-годишниот играч за врска го раскина договорот со Арсенал, каде последен пат играше во март.
„Бог ми дава шанса да заиграм за тимот за кого навивам. Ова е неверојатна чест за мене и ќе дадам се од себе”, изјави неодамна Озил.

