Во Реал Мадрид се појавија сомнежи околу потенцијалниот трансфер на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Како што објавија некои медиуми, раководството на Кралскиот клуб верува дека Парижаните ќе побараат 150 милиони евра за 22-годишниот француски фудбалер. Во сегашните услови, од Реал Мадрид не се подготвени да платат толкава сума. Претходно беше објавено дека Реал Мадрид развива стратегија за привлекување на Мбапе, која вклучува продажба на неколку играчи одеднаш. Договорот на Килијан Мбапе со ПСЖ трае до летото 2022 година.
Мбапе ги брани боите на ПСЖ од 2017 година, а пред тоа играше за Монако. Оваа сезона напаѓачот учествуваше на 16 натпревари од француската Лига 1, на кои постигна 12 гола (4 – од белата точка).

