Напаѓачот на Ливерпул и репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах, зборуваше за својата иднина.
„Сакам да останам во Ливерпул што е можно подолго, но сè е во рацете на клубот. Јас секогаш давам 100% кога играм за Ливерпул и сакам да освојам што е можно повеќе трофеи со овој клуб. Сакам да им вратам на истите луѓе кои покажуваат љубов кон мене“ изјави Мохамед Салах за „Ливерпул Ехо“.
Напаѓачот игра за Ливерпул од 2017 година. Оваа сезона, Мохамед Салах забележа 17 настапи за Ливерпул во англиската Премиер лига, постигна 13 гола и 3 асистенции. Актуелниот договор на играчот со Ливерпул е со важност до летото 2023 година. Од 2011 година, Салах е дел од репрезентацијата на Египет.

