Легендарниот фудбалер Џејми Карагер, го советува тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, да го промени напаѓачкото трио кое функционира повеќе од 4 години. Станува збор за Мане, Салах и Фирмињо.
„Најдобрите напаѓачки формации обично функционираат 2-3 години. Можеби треба да се направат промени во Ливерпул. Тие имаат по 30-тина години и порано или подоцна работите ќе мора да се менуваат“ – вели Карагер.
„Се разбира, за две години не можете да купите повеќе нови играч. За тоа ќе биде потребно време. Мислам дека Мане и Салах може да се вратат во ритам, но, ме загрижува Фирмињо“ – прокоментира поранешниот дефанзивец на тимот од „Енфилд Роуд“.

