УЕФА на својата официјална веб-страница го објави список на ограчи кои се најдоа во идеалниот тим за 2020 година.
Во тимот на годината има пет играчи кои минатата сезона ја освоија тројната круна со Баерн. Сите пет водечки европски лиги беа претставени во составот.
Тим на годината:
Мануел Ноер, Џошуа Кимих (двајцата Баерн Минхен), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Алфонсо Дејвис (Баерн), Тиаго Алкантара (Баерн / Ливерпул), Кевин Де Бруин (Манчестер Сити), Лионел Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Нејмар (ПСЖ), Роберт Левандовски (Баерн Минхен).
Да потсетиме, првично 50 играчи беа вклучени во списокот на апликанти за влез во тимот на годината. За најдобрите 11 играчи се гласаше на веб-страницата на УЕФА.

