Дефанзивецот на ПСЖ, Алесандро Флоренци, чии права и припаѓаат на Рома, може да стане постојан играч во францускиот клуб.
Според информациите кои беа објавени од недиумите во Франција и Италија, Парижаните имаат намера да го купат 29-годишниот фудбалер од Рома, користејќи ја опцијата за откуп. Откупот ќе изнесува 9 милиони евра, а клубот веќе подготви четиригодишен договор за Алесандро Флоренци.
ПСЖ го позајми Флоренци во септември 2020 година. Втората половина на минатата сезона играчот ја помина на позајмица во Валенсија. Италијанецот ги бранеше боите на Рома речиси во текот на целата своја кариера.
Оваа сезона, Флоренци одигра 13 натпревари во францускиот шампионат и постигна 2 гола. ПСЖ со освоени 42 бода по 20 кола, го зазема првото место на табелата во Лига 1, пред Лил поради подобрата гол разлика.

