Екипите на Ливерпул и на Манчестер Сити ќе се обидат да го привлечат фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре.
Тоа најверојатно ќе се случи во текот на летото бидејќи двата клуба немаат намера да трошат пари во зимскиот преоден рок. Лидс беше заинтересиран за играчот, но, цената од 40 милиони евра го откажа да го купи.
Траоре често се користи во центарот на нападот, но, не е многу ефикасен. 24-годишниот фудбалер има само една асистенција а неговиот единствен погодок беше постигнат во натпревар од ФА Купот.

