Британскиот „Телеграф“ тврди дека англискиот фудбалски состав Лестер се откажал од времен ангажман на Кристијан Ериксен откако дознал дека Данецот заработува 300.000 евра неделно.
Познато е дека „нероаѕурите“ сакаат да го продадат искусниот играч, но, неговите високи примања се главната пречка за реализација на било каков трансфер.
Иако имаше одредени најави дека Ериксен може да се врати во Тотенхем, веројатно тоа нема да се случи и тој ќе мора да остане во редовите на Интер.

