Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт се опорави од коронавирусот, пренесува официјалната веб-страница на клубот од Торино.
„Во согласност со протоколот, Матијас де Лихт помина два контролни теста COVID-19 со негативни резултати. Така, играчот се опорави и повеќе не е во изолација. Тој ќе се приклучи на тимот вечерва и ќе биде вклучен во списокот за утрешниот натпревар“, соопшти прес-службата на клубот.

Утре Јувентус е домаќин на Болоња во натпреварот од 19-то коло на италијанската Серија А. Почетокот на натпреварот е од 12:30 часот, а Јувентус има шанса со победа да се доближи на водечката тројка на табелата каде лдер е Милан со 43 бода, пред Интер кој има 41. Јувентус досега има освоено 33 поени и се наоѓа на шестото место, но има два натпревари помалку од Милан и Интер.

