Играчот за врска на Реал Мадрид, Лукас Васкез, повторно ја одби понудата на клубот за нов договор, пренесува „Касена Сер“.
Според изворот, Реал Мадрид му понудил на Шпанецот да го продолжи договорот на три сезони со иста плата. Васкез одбил, затоа што сака да добие повеќе. Лукас Васкез не е сигурен за својата кариера во Реал Мадрид. Тој е загрижен затоа што Реал Мадрид се обиде да го продаде во катарски клуб летото 2020 година.
Васкез по натпреварот од 17-то коло на шпанскиот шампиона со Селта Виго најави дека процесот на обновување не оди во добар правец. „Ќе видите дека тоа не зависи само од мене. Мора да видите што се случува внатре“, рече играчот за врска.
Лукас Васкез оваа сезона учествуваше на 16 натпревари од Шпанското првенство, постигна 2 гола и 2 асистенции. Тој исто така има 5 натпревари и 1 асистенција во Лигата на шампионите на УЕФА.
