Олимпик Марсеј го раскина договорот со 32-годишниот напаѓач Константинос Митроглу, објавија медиумите во Франција.
Според истиот извор, раскинувањето на договорот се случило со заеднички договор на клубот и играчот. Договорот истекуваше во летото 2021 година. Оваа сезона грчкиот напаѓач немаше настап за екипата од „Велодром“.
Во текот на кариерата Митроглу играше за Борусија Менхенгладбах, Олимпијакос, Фулам, Бенфика, Галатасарај и ПСВ. Тој е дел од грчката репрезентација од 2009 година. Постигна 17 гола на 64 настапи за националниот тим. Митроглу стана шампион на Грција пет пати.
Марсеј неодамна потпиша договор со напаѓачот Аркадиуш Милик и тоа е главната причина што лесно се договориле со Митроглу за раскин на договорот.
