Реал Мадрид не може да одговари на понудата на ПСЖ упатена до Серхио Рамос, а тоа значи дека капитенот на Реал Мадрид лесно може да се одлучи да ја прифати понудата на францускиот клуб.
Дефанзивецот има договор кој му истекува и засега не може да се договори со претседателот Флорентино Перез, а сето тоа може да го искористи ПСЖ. За два месеци, Рамос ќе наполни 35 години и поради оваа причина Реал му нуди продолжување на договорот за 1+1 година, како и плата која е за 10% пониска од сегашната сума од 15 милиони евра. Во исто време, шампионот од Лига 1 му ветува договор за 3 години и 15 милиони евра годишна плата.
Серхио Рамос во моментов ја игра својата 16-та сезона на „Сантијаго Бернабеу“.

