Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, наскоро може да добие отказ од оваа функција. Според „Телеграф“, денес, лондонскиот клуб ќе ја објави разделбата од тренерот.
На фудбалерите од тимот им било кажано да не доаѓаат во базата наутро. Вчера, Челзи го победи Лутон во 1/16 финалето од ФА Купот и се пласираше во следната фаза на турнирот.
Претходно беше објавено дека поранешниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри и Томас Тухел, кој беше отпуштен од ПСЖ, се заинтересирани да работат во Челзи.
Лампард го презеде раководството на Челзи во летото 2019 година. Тимот во моментов е на деветтото место на табелата во Премиерлигата со 29 бода од 19 кола. Сините се на 5 бода од зоната за пласман во Лигата на шампионите.

