Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, вели дека напаѓачот, Герет Бејл, ќе мора максимално да биде активен доколку сака да добие минутажа на натпреварите во Премиер-лигата.
„Сите знаеме за тешкотиите со кои се соочуваше во последните неколку сезони, сите знаеме дека пристигна повреден и дека имаше мали проблеми.Тој ќе мора да работи за да добие минутажа“ – потенцираше Португалецот на клупата на „спарси“.
Според одредени најави, Велшанецот на крајот на сезоната нема да добие понуда да потпише перманентен договор туку ќе мора да се врати во Реал Мадрид.

